Утрински Весник
Македонија

Казнети 232 возачи во Скопје, 86 за брзо возење

Казнет 101 возач за брзо возење во Куманово, Крива Паланка и Кратово

Полицијата вчера казни 232 возачи во Скопје, од кои 86 за брзо возење, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 232 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 86 санкции, 19 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, 5 санкции за возачи почетници. Изречени се 17 за возење под дејство на алкохол, 8 за користење мобилен телефон, 5 за некористење сигурносен појас, 5 за минување на затворен сигнал (црвено светло), 34 санкции за непрописно паркирање“, соопшти МВР.

Од таму најавија дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Можете да прочитате

Родителите во паника, пожарникарите влегле преку тераса во Струмица, девојчето го нашле во длабок сон

Година и половина од трагедијата во „Пулс“ – родителите стравуваат од пуштање на сопственикот од притвор

Средба Мицкоски-Селф во Вашингтон: Разговори за зајакнување на партнерството со САД