Утрински Весник
Македонија

(Видео) Лефков: Заев го зголеми долгот за нови 2,4 милијарди евра

(Видео) Лефков: Заев го зголеми долгот за нови 2,4 милијарди евра

Заради Зоран Заев долгот на државата изнесува рекордни скоро 7.2 милијарди евра. Зоран Заев како премиер е виновен за 50% зголемување на долгот, изјави Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Според него, Заев во изминативе 4 години ја задолжил Македонија за 2.4 милијарди евра што, според Лефков, е најголемото задолжување.

„2.4 милијарди евра се пари кои Зоран Заев и оваа најкриминална влада во Европа ги позајмиле и ги потрошиле во изминативе година, а никој не знае што е направено со нив. Нема нови автопати, нема нови патишта, нема нови клинички центри, болници, училишта и градинки. Македонија буквално стагнира 4 години. Нема ништо, имаме само повеќе долгови, за овие 4 години само Зоран Заев го задолжил секој еден граѓанин без разлика на неговата возраст за 1.200 евра, ова се пари кои со камати ќе треба да ги враќаат идните генерации, ова се пари кои Заев ги позајмил од банките, но и ги украл од идните генерации“, рече Лефков.

За да ги покрие долговите, додаде тој, Заев удри по народот.

„Покачувањето на горивата за нови 4.13 денари, како последица на нова такса е трајно зголемување на цената на горивата и има за цел да собере пари од народот за да се покријат дупките кои настанаа заради криминалните тендери и поткупот на изборите. Класичен пример дека никој не знае каде завршија парите од задолжувањата е фактот што Заев вети 850 милиони евра помош за граѓаните и фирмите, а само 350 милиони евра се префрлени. Заев испумпуваше пари од буџетот и преку разни тендери, па гледавме како на централно и локално ниво се фрлаа пари за тендери и се плаќаа услуги и двојно поскапо од тоа што се плаќаат услуги и ствари во државите од соседството. Заради сето ова сега во буџетот нема пари, а долговите нема од што да се враќаат, па Заев удира по народот“, рече Лефков.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме