Утрински Весник
Спорт

Доминик Тим нема да игра на ОИ во Токио

Доминик Тим нема да игра на ОИ во Токио
Img 5587

Доминик Тим нема да учествува на Олимписките игри во Токио. Австриецот е второто големо име на светскиот тенис кој реши да ги пропушти Игрите. Вчера, Рафаел Надал, објави дека нема да игра во Токио.

„Сакам со вас да ја споделам оваа тажна вест. По разговорите со мојот тим и деталната анализа на ситуацијата, решив да ја донесам оваа тешка одлука. Нема да играм на Олимписките игри во Токио.

300x250 (7)

За мене како спортист, не постои поголема чест да настапувам за својата земја на ОИ. Поради тоа оваа одлука е уште потешка.

Последните две недели жестоко тренирам, напредувам на физички план. Планирам напорно да работам наредните недели, да пружам максимум на Вимблдон и да ја одбранам титулата на Ју-ес опен.

На австрискиот тим му посакувам успех во Токио. Млад сум, се надевам дека ќе играм за Австрија во Париз 2024 година“, напишал Тим на Твитер.

Доминик Тим има кошмарна сезона, најдобар резултат му е четврт-финалето на Австралија опен. На Мастерс турнирите само во Мадрид успеа да дојде до третото коло, додека на Ролан Гарос испадна на стартот, во првото коло.

> Доминик Тим нема да игра на ОИ во Токио <

Ss1

Можете да прочитате

Шкендија ги искористи киксовите на Струга и Шкупи да им се придружи на врвот

Штербик доживеал срцев удар – 24info.mk

Ѓоковиќ се раздели со уште еден тренер од својот тим