Утрински Весник
Свет

Франција ќе ги отвори ноќните клубови во јули

Франција ќе ги отвори ноќните клубови во јули
Dik 300x250 mk

Француската влада планира да дозволи отворање на ноќни клубови во јули, изјави денеска францускиот министер за здравство Оливие Веран.

Ноќните клубови во Франција не работат од првото затворање на земјата поради Ковид-19 во март 2020 година, објави „Ројтерс“.

Веран рече дека владата работи на безбедносни протоколи за повторно отворање, а деталите ќе бидат објавени следната недела, откако претседателот на Франција, Емануел Макрон, на почетокот на овој месец изјави дека одлуката за работата на ноќните клубови ќе биде донесена на 21 јуни.

„ Се очекува ноќните клубови повторно да бидат отворени во јули со одредени барања“ рече Веран за француската телевизија БФМ.

Тој не даде точен датум.

Повеќе од 100 ноќни клубови од 1.600 во Франција се трајно затворени поради пандемијата на коронавирусот, соопшти унијата за угостителство УМИХ.

Можете да прочитате

Централните банки купија 39 тони злато во септември

Путин го свика Советот за безбедност откако САД тестираа интерконтинентална ракета

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“