Утрински Весник
Македонија

Спасовски на реконструкција на пат во Кумановско: По цели 40 години се вложува во регионoт од каде потекнувам

Спасовски на реконструкција на пат во Кумановско: По цели 40 години се вложува во регионoт од каде потекнувам

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска изврши увид во работите за рехабилитација на магистралниот пат Куманово – Страцин.

Тој беше придружуван од вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми.

Спасовски посочи дека и самиот потекнува од овој регион кој, како што кажа, долги години во изминатиот период бил запоставен.

„На овој патен правец се вложува за првпат после 50 години со цел да се рехабилитира, токму од страна на оваа Влада предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев. Ако го погледнеме кумановско-кривопаланечкиот регион, ќе видите дека единствените вложувања после 40 години се токму сега, во овие три години. Ќе напоменам дека само во овие три години сите регионални патишта се реконструирани или е во тек реконструкцијата, а притоа се гради и еден ескпресен пат“, посочи Спасовски.

Тој во однос на реконструкцијата на патот зборуваше и од аспект на ресорот кој го покрива.

„Ако сакаме да имаме поголема безбедност во сообраќајот со помалку жртви, помала материјална штета и помалку повредени лица, треба да имаме и добра инфраструктура. И токму затоа и заедно настапуваме за сето тоа што не беше направено, рехабилитирано, обновено го завршиме што е можно побрзо и на тој начин да создадеме подобри услови и поголема безбедност во сообраќајот“, истакна министерот за внатрешни работи.

Можете да прочитате

Од утре претежно облачно со врнежи од дожд и снег

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ со партиски членови сака контрола над прислушувањето, СДСМ остро против партизацијата

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија