Утрински Весник
Македонија

Наместо пресуда, повторно судење на Мијалков за „Тортура“

Обвинителството смета дека 11 милиони евра се доволна гаранција Мијалков да излезе од притвор

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и шестмината поранешни припадници на единицата „Алфа“, денеска требаше да ја слушнат пресудата за случајот „Тортура“, но наместо пресуда, судијката истакна дека е неопходно предметот повторно да се преотвори.

„Едногласно одлучивме дека е неопходно и целисходно постапката да се преотвори“, истакна судијката Александра Ристоска, на изненадување на присутната јавност.

Таа додаде дека во целост не е јасно кој од обвинетите какво дело презел и со колкав интензитет и обем го презел, поради што неопходно било повторно отворање на постапката, поради што закажа рочиште за 8 јули.

Мијалков и шестмина припадници на поранешната единица „Алфа“ беа бвинети за мачење и тортура при апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година.

Денешната пресуда требаше да е четврта по ред за Мијалков. Тој е осуден за случајот „Таргет-Тврдина“ на 12 години затвор, а за „Трезор“ е осуден на осум години затвор.

Мијалков во 2019 година беше осуден на три години затвор и во случајот „Титаник 2“ за изборни нерегуларности, но Апелација го врати судењето на почеток поради суштински повреди во постапката.

Можете да прочитате

Трагедија во Тафталиџе: Детето тропало по врати и барало помош

Марта Гусар: Системот не лебди над нас – конкретни луѓе се одговорни за пропустите

Гусар: Мажите жртви на насилство молчат од срам, институциите ги исмеваат наместо да ги заштитат