Утрински Весник
Спорт

Љубовта пукна по само 22 дена – Гатузо си замина од Фиорентина

Љубовта пукна по само 22 дена – Гатузо си замина од Фиорентина
Dik 300x250 mk

Љубовта на релација Фиорентина-Џенаро Гатузо траеше само 22 дена. Темпераментниот Гатузо и пред да ги распакува куферите ја напушти Фиренца.

„Фиорентина и тренерот Џенаро Гатузо, заеднички се согласија дека немаат исти визии и поради тоа нема заедно да ја започнат наредната сезона. Клубот веднаш започна потрага по нов тренер, кој ќе го предводи тимот на „Виола“, кон резултати кои Фиорентина и градот Фиренца ги заслужуваа“, обајави клубот.

Гатузо, од првиот ден имал големи недоразбирања со претседателот Роко Комисо и менаџерот на клубот Џанкарло Антоњони. Наводно ситуацијата ескалирала кога му било соопштено дека во клубот нема да ги донесе играчите кои ги побарал, Нико Гонзалес (вчера потпиша за Брајтон) и Сержио Оливеира од Порто.

> Љубовта пукна по само 22 дена – Гатузо си замина од Фиорентина <

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен