Утрински Весник
Свет

(Видео) „Летeчки Кремљ“-луксузниот авион на Путин

(Видео) „Летeчки Кремљ“-луксузниот авион на Путин

На долгоочекуваната средба меѓу Владимир Путин и Џо Бајден, која се одржа вчера во Женева, рускиот претседател пристигна во швајцарскиот град со луксузен авион „Летечки Кремљ“.

Бајден пристигна на самитот со познатиот авион Ер форс еден (Военото воздухопловство 1), а она што е можеби помалку познато е дека авионот на Путин чини 390 милиони фунти (околу 455 милиони евра) и дека има дури и позлатен тоалет.

Авионот е дизајниран во неокласичен стил. Има сала за состаноци со позлатена маса опкружена со беж кожни фотелји. Салата има бар и спални соби, а државните обележја се видливи низ целиот декор.

Како што е неопходно за авионот со кој се превезува светскиот лидер, тој има и команден центар што може да се искористи за мобилизирање војници, кои можат да се користат за борбена ситуација кога Путин е во воздух.

Разговорите меѓу рускиот и американскиот претседател се одржаа во вилата „Ла Гранџ“ и траеја помалку од четири часа, што е далеку помалку отколку што очекуваа советниците на Бајден.

Можете да прочитате

Во Иран измерени речиси 50 степени, минус 70 степени на Антарктикот

Четири катарски танкери за природен гас влегоа во Ормуската теснина

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка