Утрински Весник
Македонија

(Видео) Откриени насади на марихуана, приведени тројца скопјани

Приведен скопјанец, кај него била пронајдена дрога

Полицијата откри насади на марихуана во реонот помеѓу тетовско Нераште и скопска Радуша и приведе три лица од Скопје.

Според информациите на МВР, вчера околу 18 часот во реонот помеѓу тетовско Нераште и скопска Радуша, од левата страна на реката Вардар, полициски службеници ги привеле А.Ш.(24), Р.К.(30) и И.Т.(26), тројцата од Скопје, поради сомнение дека одгледувале „канабис сатива“.

На локацијата каде што биле затекнати, биле откриени околу 100 стебла-насади „канабис сатива“, дел засадени во земја, а дел во саксии.

Пронајдените стебла со други предмети биле подигнати за понатамошна постапка, а лицата биле задржани во полициската станица Тетово. Во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија.

Можете да прочитате

Од девет пријави за семејно насилство, приведени седум лица во последното деноноќие

Канализирање на новата политичка енергија во Македонија: помеѓу граѓанската мобилизација и институционалната трансформација

Ограбена аптека на подрачјето на Бит Пазар