Утрински Весник
Македонија

(Видео) Откриени насади на марихуана, приведени тројца скопјани

Приведен скопјанец, кај него била пронајдена дрога

Полицијата откри насади на марихуана во реонот помеѓу тетовско Нераште и скопска Радуша и приведе три лица од Скопје.

Според информациите на МВР, вчера околу 18 часот во реонот помеѓу тетовско Нераште и скопска Радуша, од левата страна на реката Вардар, полициски службеници ги привеле А.Ш.(24), Р.К.(30) и И.Т.(26), тројцата од Скопје, поради сомнение дека одгледувале „канабис сатива“.

На локацијата каде што биле затекнати, биле откриени околу 100 стебла-насади „канабис сатива“, дел засадени во земја, а дел во саксии.

Пронајдените стебла со други предмети биле подигнати за понатамошна постапка, а лицата биле задржани во полициската станица Тетово. Во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија.

Можете да прочитате

Тошковски: 14 лица повикани на разговор за хоророт во Ѓорче Петров, меѓу нив и родители

Четворица малолетници со месеци го малтретирале дете во автобус во Скопје

Македонија каска во превенцијата на рак на грло на матка