Утрински Весник
Магазин

Џеј Зи тужи фотограф затоа што продава негови фотографии без дозвола

Џеј Зи тужи фотограф затоа што продава негови фотографии без дозвола

Џеј Зи покрена тужба против фотограф кој продавал фотографии од него без претходно одобрување.

Хитмејкерот, чие вистинско име е Шон Картер, го ангажираше Џонатан Менион во средината на 90-тите и тој направи стотици фотографии од раперот, вклучувајќи ја иконската фотографија во костум и капа со цигара што беше на каверот на неговиот деби-албум од 1996 година, Reasonable Doubt („Разумен сомнеж“).

Сепак, Џеј сега презеде правни дејствија затоа што, иако фотографот бил платен за неговата работа, раперот никогаш не му дал дозвола да препродава ниту една од фотографиите.

Според документите до кои дојде магазинот „Ролинг стоун“, „Џеј Зи не го овластил Менион да го користи неговото име, изглед, идентитет или личност за каква било цел. Менион нема законско право да ги продава фотогрфиите.“

Можете да прочитате

Транзитниот Јупитер во Рак носи силен фокус на домот и емоциите вели Јанковска

Утрински навики што го регулираат шеќерот и енергијата

Вечерва во 21:00 нова епизода на „Планетите зборуваат“ со Наташа Јанковска