Утрински Весник
Економија

Халкбанк се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“

Халкбанк се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“

На денешен ден, Халкбанк се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ кој го доделува Организацијата на потрошувачите на Македонија врз доброволна основа.

Доделувањето на сертификатот претставува потврда дека Халкбанк е ориентирана кон почитување на правата на потрошувачите и дека посветено се грижи за задоволството на потрошувачите во сите области на дејствувањето.

Сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ се доделува заради исполнетоста на критериумите во шест одделни области кои се битни за потрошувачите, а се однесуваат на обезбедување точни, недвосмислени, разбирливи и навремени информации, примена на чесни пазарни практики, овозможена комуникација и пристап кон банката за различни категории лица, воспоставен систем за одговорно управување со поплаки од потрошувачите, како и едукација на потрошувачите и развој на финансиската писменост.

„Како што гласи и нашето мото „Важни се луѓето“ – луѓето се поставени во центарот на нашето работење. Негуваме грижа за вработените, негуваме грижа за нашите клиенти и деловни партнери и негуваме грижа за заедницата во која работиме. Особено сме горди што можеме да се пофалиме со стекнување на сертификатот „Фер Финансиски услуги за потрошувачите“ кој претставува уште едно признание дека Халкбанк е банка на народот, банка која работи за граѓаните и нуди врвно банкарско искуство преку создавање на фер и долгорочни односи со клиентите. Како банка ќе продолжиме да растеме заедно со растењето на нашите ценети клиенти, ќе ги поддржуваме и ќе направиме да се чувствуваат како наши партнери. Ќе се трудиме да ја даваме најдобрата услуга на пазарот и ќе се трудиме да бидеме дел од креирањето успешни приказни”, изјави д-р Билал Суџубаши, Главен Извршен Директор на Халкбанк АД Скопје.

Задоволство ни е да го поздравиме пристапувањето на Халкбанк кон процесот на сертификација. Во сите наведени области Халкбанк ги исполнува условите и се стекнува со сертификатот „Фер Финансиски услуги за потрошувачите“. Сертификатот ја верификува обврзаноста на Халкбанк да негува примерен однос кон потрошувачите, а со тоа да придонесува кон нивната доверба и задоволство”, изјави претседателката на ОПМ, д-р Маријана Лончар Велкова.

Сертификацијата се одвиваше врз основа на критериуми за верификација на исполнетоста на критериумите во наведените шест области, а е дел од ЕУ проектот за унапредување на заштитата на потрошувачите и застапување на нивните интереси во финансиските услуги. Проектот е спроведуван од ОПМ, а финансиран од oперативен грант од Програма за потрошувачи на Европската унија (2014-2020) преку Европската организација на потрошувачите (BEUC).

 

 

(ПР текст)

Можете да прочитате

Седница на Советот на Народната банка: Централната банка дава значаен придонес во евроинтегративните процеси на земјата

Последни два дена за амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025 на матичната собраниска Комисија

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата