Утрински Весник
Свет

Захарова: Авторите на стратегијата на ЕУ кон Русија имаат проблем со чувството за реалност

Захарова: Да се разговара со Русија од позиција на сила е недозволиво

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, по повод надворешно-политичката стратегија на Европската унија за Русија изјави дека нејзините автори имаат проблеми со познавањето на историјата и разбирањето на реалноста.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, претходно изјави дека стратагијата ќе биде усвоена по три принципи – одбивање, зауздување и соработка со Москва, пренесува ТАСС.

„Можете ли да замислите личност која ви нуди односи засновани врз принципите на одбивање, зауздување и соработка? Можете ли? Тоа е Борел“, напиша Захарова на својот канал на „Телеграм“.

Според неа, авторите на стратегијата очигледно имаат проблем со познавањето на историјата и чувството за реалност.

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина