Утрински Весник
Свет

Продолжен мандатот на ЕУЛЕКС во Косово

Продолжен мандатот на ЕУЛЕКС во Косово

Во писмо до високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, претседателката на Косово, Вјоса Османи, се согласи да се продолжи мандатот на ЕУЛЕКС за уште една година, јави Радио Телевизија на Србија.

Османи го извести Борел дека ЕУЛЕКС ќе има технички мандат, без извршна моќ, што се заснова само на следење, менторство и давање совети. Мандатот ќе може да се продолжи за уште една година ако Османи позитивно ја оцени работата на мисијата.

Од канцеларијата на Османи рече дека предложиле, врз основа на барањата и потребите идентификувани од приштинските институции, институциите на ЕУ да обезбедат експертиза, советодавни услуги и финансиска помош за прашања поврзани со реформите во судството.

Можете да прочитате

Летонија со повик до НАТО да ја засили воздушната одбрана на балтичките држави

Трамп праќа војска и во Портланд; „Под опсада е од терористи и од Антифа“

Лавров: Секоја агресија врз Русија ќе биде дочекана со решителен одговор