Утрински Весник
Спорт

Историска партија на Дурент – Бруклин на чекор до финалето

Историска партија на Дурент – Бруклин на чекор до финалето

Бруклин Нетс водат со 3-2 во серијата против Милвоки Бакс. Изминатата ноќ, предводени од Кевин Дурент, Нетс победија со 114:108.

Изведбата на Дурент, во петтиот меч е едена од најдобрите во историјата на плеј-офот. Без повредениот Кајри Ирвинг и со недоволно рехабилитираниот Џејмс Харден, Нест благодарение на Дурент забележаа победа.

Крилниот играч на Нетс, го одигра целиот натпревар, забележа 49 поени, 17 скокови, 10 асистенции, три украдени топки и две рампи.

Дурент на 50 секунди до крајот погоди тројка за +4, а потоа во пенал завршницата им ја донесе победата на Нетс.

Кај Милвоки се истакнаа Јанис Адетокумбо со 34 поени, 12 скокови, Крис Мидлтон постигна 25 поени,

Шестиот меч се игра во четврток во Милвоки.



> Историска партија на Дурент – Бруклин на чекор до финалето <

Можете да прочитате

Две сребра и една бронза за македонските борачи на Медитеранските игри

Ѓорческа против Јапонката Хонтама на стартот од квалификациите на УС Oпен

Македонските борачи обезбедија две финалиња на Медитеранските игри