Утрински Весник
Свет

Иран користи сопствена вакцина против Ковид-19

Иран користи сопствена вакцина против Ковид-19

Иран ja одобри својата прва домашна вакцина против коронавирус за итна употреба, објави иранската национална телевизија.

Употребата за итни случаи беше одобрена откако Иран се соочи со проблем со увоз на вакцини, пренесуваат иранските агенции.

Иранската фармацевтска компанија „Шифафармед“ направи вакцина заснована на деактивиран вирус, а првата студија за безбедност и ефикасност започна кон крајот на декември.

Употребата на домашна вакцина од Иран стана неопходна поради санкциите наметнати на таа земја од страна на САД, пишуваат агенциите.

Како што се наведува, иако Иран го задржува учеството во „Ковакс“ системот, меѓународните банки и финансиски институции не сакаат да имаат работа со Иран поради страв од американски казни.

Можете да прочитате

Салвадор воведува доживотни казни за малолетници за сериозни кривични дела

Израелската армија може да се распадне ако не се реши недостигот на луѓе

Јапонија ќе ги намали ограничувањата за термоцентралите на јаглен поради енергетската криза