Утрински Весник
Свет

Путин: Не сум нарачал убиство на Навални

Путин: Не сум нарачал убиство на Навални

Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли обвинувањата на Вашингтон кон Русија, за неговата вмешаност во претседателските избори во САД, сајбер нападите и наводното обид за убиство на затворениот опозиционер Алексеј Навални.

Путин негираше дека го нарачал убиството на Навални и додаде дека нема да се третира полошо од кој било друг затвореник.

Во пресрет на состанокот со американскиот колега Џозеф Бајден во Женева, рускиот лидер во изјава за Ен-Би-Си Њуз додаде дека е изненаден што Русија не е обвинета и дека тој стои зад движењето „Црните животи се важни“.

Што се однесува до тврдењата на Америка за хакерски напади, рускиот лидер изјави дека ваквите обвинувања се чиста „фарса“.

„ Ние сме обвинети за разни работи. Мешање во избори во САД, сајбер напади и така натаму. И тие никому не дадоа докази за тоа, само неосновани обвинувања“, додаде Путин.

Можете да прочитате

Американците изгубија речиси три милијарди долари во опрема во војната во Иран

Преживеани жртви на Епстин ги тужат Министерството за правда на САД и Гугл

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа