Утрински Весник
Свет

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кој денеска ќе биде продолжен, им овозможува на членките на Алијансата да одговорат и на напади во вселената.

„Денеска лидерите на НАТО ќе ја прошират примената на клаузулата за колективна одговорност, односно членот 5 од основачкиот договор на НАТО „сите за еден, еден за сите“, така што членките на Алијансата ќе бидат подготвени да одговорат на вселенските напади, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Членот 5 од основачкиот договор на НАТО вели дека напад врз кој било од 30-те сојузници ќе се смета за напад врз сите нив. Досега, тоа се применуваше само на повеќе традиционални воени напади на копно, море или во воздух, а неодамна и во сајбер-просторот.

„На овој самит ќе ставиме до знаење дека, се разбира, секој напад врз вселенските капацитети, како што се сателити и слично, или напад од вселената, може да го активира членот 5“, рече Столтенберг, неколку часа пред да претседава со Самитот со американскиот претседател Џо Бајден и неговите колеги.

Речиси 2.000 сателити кружат околу Земјата, а со повеќе од половината управуваат членките на НАТО, опфаќајќи речиси сè – од мобилни телефони и банкарски услуги до временски прогнози.

Воените команданти се потпираат на некои од нив за навигација, комуникација и размена на разузнавачки информации. Во декември 2019 година, лидерите на НАТО го прогласија вселенскиот простор за петти домен на операциите на Алијансата, по копно, море, воздух и сајбер простор.

Многу земји-членки се загрижени за, како што велат, сè поагресивното однесување на Кина и Русија во вселената. Околу 80 земји имаат сателити, а на тоа поле се појавуваат се повеќе приватни компании.

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени