Утрински Весник
Свет

Експлозија во Кина, најмалку 11 лица загинаа, а десетици се тешко повредени

Експлозија во Кина, најмалку 11 лица загинаа, а десетици се тешко повредени

Најмалку 11 лица загинаа, а 37 се тешко повредени во експлозија на гасовод во станбена област во централна Кина, соопштија локалните власти.

Несреќата се случила во градот Шијан во провинцијата Хубеи, изјавија властите и додаваат дека 144 лица се хоспитализирани.

Спасувачките екипи се’ уште се на лице место, додека причината за експлозијата засега не е позната.

Слична експлозија се случи во 2013 година на пристаништето Чингдао. Во тоа време, 55 лица загинаа во експлозијата на подземниот гасовод.

Ваквите несреќи често се случуваат поради непочитување на прописите за безбедност, лошо одржување на објектите и корупција во извршните тела.

Одговорните честопати се строго казнувани, но високата побарувачка и желбата за профит честопати ја надминуваат загриженоста дека не се следат регулативите.

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени