Утрински Весник
Македонија

Спасовски за словенечко „Дело“: Полесно ќе ја одбраниме Европа од криминалот ако бидеме дел од ЕУ

Спасовски за словенечко „Дело“: Полесно ќе ја одбраниме Европа од криминалот ако бидеме дел од ЕУ

Мигрантската криза и илегалните миграции, борбата со организираниот криминал и сите други форми на криминал, патот на балканските држави кон ЕУ и нивната улога во спречувањето на криминалот во Унијата, беа дел од темите на кои се осврна во интервју за словенечки „Дело“ министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Спасовски во однос на криминалните структури нагласи дека Балканот со својата геостратешка положба е привлечен и за криминалците, што предизвикува големи проблеми. Поради тоа, Спасовски смета дека е важна секоја иницијатива за регионално поврзување во борбата против организираниот криминал. Важна е брзата размена на информации меѓу државите.

За миграцијата истакна дека ако ги споредиме нашите бројки во првите четири месеци од оваа и од минатата година, ќе утврдиме дека има за 17,2 проценти помалку обиди за илегално преминување на границата. И тука, подвлече Спасовски, важно е да имаме заедничка политика, но Западен Балкан може ефикасно да се справи со илегалните миграции само со заедничка политика на ЕУ.

Прашан колку интеграциите во ЕУ се важни за борбата со криминалот во регионот, Спасовски подвлече дека полесно ќе ја одбраниме Европа од криминалот ако бидеме дел од ЕУ.

„Нашата позиција е јасна: ние сме на европскиот пат и притоа сме доследни. Мнозинството граѓани сакаат да влеземе во ЕУ, целиот регион нема алтернатива во однос на членството во ЕУ. Ќе сториме сè за да ја постигнеме целта и да ги започнеме преговорите со ЕУ. Се надевам дека ќе се случи поместување уште пред почетокот на словенечкото претседателство на Советот на ЕУ“,  истакна министерот.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа