Утрински Весник
Македонија

Тим на македонската полиција ќе се грижи за безбедноста на Европското фудбалско првенство

Тим на македонската полиција ќе се грижи за безбедноста на Европското фудбалско првенство

По повод Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020, на кое за прв пат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација, Министерството за внатрешни работи во соработка со романската полиција и надлежните служби на УЕФА, испрати свој тим од 5 полициски службеници кои во периодот од денеска до 18 јуни ќе бидат присутни во Букурешт, Романија.

„ Задачата на нашите полициски службеници е заедно со полициските тимови на Романија, Австрија и Украина да создадат безбедносни услови овој значаен спортски настан да помине согласно највисоките безбедносни стандарди, истовремено и да им излезат во пресрет на нашите граѓани кои ќе бидат присутни во Букурешт за време на настанот“ соопшти МВР.

Оттаму додаваат дека на овој начин, Министерството за внатрешни работи ги потврдува професионалните капацитети на своите полициските службеници, како и својата европска посветеност, исполнувајќи ги притоа највисоките меѓународни безбедносни стандарди во обезбедување на значајни спортски настани од висок ризик.

Можете да прочитате

Не запира големата акција во Прилеп: Претресена 37 локација, во банкарски сеф најдени над 50.000 евра

Кичевци и од „дваесеттиот министер“ добија ветување за нова болница

Ги запоставила децата и дозволила малолетната ќерка да има полови односи, обвинувања кон мајка од поранешниот партнер