Вечерва, со почеток од 19.30 часот во МКЦ, во рамки на програмата на фестивалот „Прво па женско“, ќе се изведе претставата „Кожурец“, во продукција на независното здружение Артопија.
Работена според вистинска приказна, претставата „Кожурец“ го отвара просторот на комплексните односи помеѓу премолчувањето и прозборувањето, барајќи го во театарскиот контекст јазикот да прозбори за внатрешните и надворешни механизми на сексуалната злоупотреба на деца. Претставата претставува своевиден емотивен пејсаж на една траума, преиспитување на репрезентацијата во театарот, збир на сцени, слики и песни, добиени како материјал од истражувачкиот процес.
Текстот и драматургијата се на Билјана Радиноска и Верица Недеска.
Улогите ги толкуваат Душица Настова, Кристина Леловац, Симона Спировска и Наташа Петровиќ, а режијата е на Билјана Радиноска.
Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk
Текстот „Прво па женско“: Претставата „Кожурец“ вечерва во МКЦ е превземен од МАКФАКС.