Утрински Весник
Свет

Радев пред Сасоли: Бугарија ја поддржува евроинтеграцијата на Северна Македонија

Бугарскиот претседател го распушти парламентот, закажа нови избори на 11 јули

Бугарскиот претседател, Румен Радев, одржа видео конференција со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли. Во разговорот, инициран од претседателот на Европскиот парламент, се дискутираше за мерките за справување со пандемијата на коронавирусoт, како и за темите на агендата на ЕУ со фокус на политиката на проширување.

Шефот на бугарската држава истакна дека Бугарија принципиелно и доследно ги поддржува европските интеграции на Република Северна Македонија.

Радев, исто така, истакна дека Бугарија очекува одржливи и неповратни резултати во процесот на градење добрососедски односи и во овој поглед најважен е директниот и отворен дијалог меѓу двете страни.

Можете да прочитате

Млада лаборантка почина од чума во Русија, речиси 200 лица под медицински надзор

Русија погоди уште еден важен мост во Киев

Масовни протести во Шпанија поради продлабочувањето на станбената криза