Утрински Весник
Македонија

Претрес во струмичко, пронајдена дрога

Претрес во струмичко, пронајдена дрога

Полициски службеници уапсиле 36-годишен жител на струмичкото село Василево, откако денеска за време на претресот во неговиот дом била пронајдена дрога.

„ Денеска во с.Василево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слободаТ.М.(36) од с.Василево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја“ соопшти МВР.

Како што се додава, при претресот во неговиот дом биле затекнати и две женски лица од Радовиш, Г.О. и малолетничка, која живеела во домот со Т.М.. Со нив бил извршен разговор, а Т.М бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Авион од Скопје кон Париз итно пренасочен – безбедно слетување во Брисел

Вознемирувачко: Скопјанка нападната од глутница кучиња на кејот во Скопје – Ме гризеа пет минути

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се јави во одбрана на својот криминал