Утрински Весник
Македонија

Николовски: Наредбата на Бајден е порака за сите што ги блокираат процесите во државава

Николовски: Наредбата на Бајден е порака за сите што ги блокираат процесите во државава

Наредбата на САД е порака за сите оние коишто ги блокираат или сакаат да ги блокираат и кочат сите процеси во државата. Ова го истакна вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски, откако американскиот претседател, Џо Бајден, го прошири опсегот на санкции за поединци и организации од земјите на Западен Балкан, што ја загрозуваат стабилноста на регионот, а во декретот се додадени Преспанскиот и Охридскиот договор.

„Се уште во детали го немаме видено овој документ, меѓутоа, може да потенцирам дека граѓаните на Република Северна Македонија цврсто се одлучија да застанат и зад Охридскиот и зад Преспанскиот договор и тоа се темелите на овој нов пат, на ова модерно општество трансформирано по европски терк со стабилни меѓуетнички односи, ориентирано кон напредок, развој, интеграции“, рече Николовски.

Вицепремиерот додаде дека Наредбата е одлука на нашиот стратешки партнер САД која целосно ќе ја почитуваме и смета дека САД има причини зошто ова е потенцирано или ова се условите заедно со многу други во делот на корупцијата.

Можете да прочитате

Септемвриска филмска магија во Кинотеката на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ не се Албанците, тие се криминалот и корупцијата кои се поразени

Алиу се сретна со Кедев, сите приватни болници од 15 септември треба да го информираат МЗ за сите извршени прегледи и интервенции