Утрински Весник
Свет

Бугарски воен авион се урна во море за време на воена вежба, се трага по пилотот

Бугарски воен авион се урна во море за време на воена вежба, се трага по пилотот

Бугарски МиГ-29 се урна во Црното море за време на воена вежба.

Авионот ја изгубил радио комуникацијата и исчезнал од радарите во 00:45 часот, соопшти бугарското Министерство за одбрана.

Акцијата за пребарување и спасување е во тек. Вклучува сили и средства од морнарицата, Здружената команда за специјални операции, граничната полиција и воздухопловните сили. Министерот за одбрана Георги Панајотов отпатува во областа на инцидентот, како и привремениот премиер Стефан Јанев. Тактичката вежба со борбено стрелање е прекината.

„Авионот исчезна од радарите, преземена е операција за спасување на пилотот, која продолжува и денес“, изјави министерот за одбрана Георги Панајотов.

Пилотот не пријавил ниту еден проблем со леталото, пред да исчезне од радарот. Причините за инцидентот во моментов не се познати.

Можете да прочитате

Девојка од Шпанија – жртва на групно силување во детството, ќе биде доброволно евтаназирана

Трамп откри каков подарок му дал Иран

Финска пратеничка казнета поради изјава за хомосексуалноста