Утрински Весник
Спорт

Повредата на Бензема не е сериозна

Повредата на Бензема не е сериозна

Повредата на Карим Бензема не е сериозна, тој ќе настапи на Европското првенство. Напаѓачот на Реал, поради проблем со коленото, синоќа побара измена во 41.минута на контролниот натпревар со Бугарија.

„Тоа е грч. Доби силен удар во мускулот кај десното колено. Не сакавме да ризикуваме, затоа го напушти теренот. Медицинскиот тим е со него“, изјавил францускиот селектор Дидие Дешан.

Франција, ја победи Бугарија со 3:0, еден гол постигна Антоан Гризман, два замената за Бензема, Оливие Жиру.

Актуелните светски шампиони на ЕУРО 2020 ќе играат во најтешката група, против Португалија, Германија и Унгарија.

> Повредата на Бензема не е сериозна <

Можете да прочитате

Верстапен победи на трката за Големата награда на Лас Вегас

Поранешниот претседател на Јапонската фудбалска федерација, Ташима, поднесе кандидатура за претседателските избори на ФИФА

Почина Владимир Секуловски, поранешен македонски репрезентативец