Утрински Весник
Свет

Судир на два брзи воза во Пакистан, 45 загинати, 100 повредени

Судир на два брзи воза во Пакистан, 45 загинати, 100 повредени
Dik 300x250 mk

Најмалку 45 лица загинаа, а над 100 се повредени во судир на два брзи воза во јужен Пакистан, соопштија властите.

Најмалку 50 повредени се пренесени во болница, а некои од нив се наоѓаат во критична состојба, пренесува АП.

Околу 20 патници сè уште се заробени во возовите.

Како што се наведува, еден воз излетал од пругите, а набрзо и друг воз удрил во него.

Причините за несреќата сè уште не се познати.

Машиновозачот кој управувал со едниот воз изјави дека со сите сили се обидел да ја избегне несреќата со сопирање, но не успеал во тоа.

Министерот за пакистанска железница Азам Свати се упати кон местото на несреќата, а премиерот Имран Кан изрази жалење и нареди истрага.

Во возовите имало околу 1.100 патници, а армијата е вклучена во спасувачката акција.

Можете да прочитате

Над 80 милиони евра е вредноста на накитот украден од Лувр

Венс во Израел: Ако Хамас не се разоружа, ќе го уништиме

Француската морнарица запленила 2,4 тони кокаин