Утрински Весник
Македонија

Министерот Османи ги прими акредитивните писма на новата амбасадорка на Република Србија

Министерот Османи ги прими акредитивните писма на новата амбасадорка на Република Србија
Dik 300x250 mk

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ја прими новоименуванта вонредна и ополномоштена амбасадорка на Република Србија, Невена Јовановиќ, по повод предавањето на копиите од акредитивните писма.

Министерот Османи на амбасадорката Јовановиќ ѝ изрази уверување дека за време на нејзиниот мандат ќе бидат вложени напори односите да бидат збогатени со нови содржини од заемен интерес.

Покрај редовниот политички дијалог и меѓусебни консултации, во функција на надградба и продлабочување на добрососедските односи, се очекува приоритет да биде ставен на економската соработка и конкретните билатерални и регионални проекти, како инфраструктурното поврзување и отворањето на нови гранични премини, со цел олеснување на севкупната размена и комуникација меѓу двете пријателски земји, информираат од кабинетот на Османи.

Министерот Османи ја повторил благодарноста за помошта од Србија за време на хуманитарната криза предизвикана од пандемијата од Ковид-19 и справувањето со последиците од истата.

Можете да прочитате

ДИК отфрли четири, а прифати еден приговор за заштита на лично избирачко правo

Тошковски: Полицијата обезбедува мирен и безбеден изборен процес, демократијата се гради преку учество

Управниот суд ја одби тужбата против ДИК: Гласовите за листата со починато лице ќе бидат поништени