Утрински Весник
Свет

Полицијата во Малезија со дронови им ја мери температурата на граѓаните

Полицијата во Малезија со дронови им ја мери температурата на граѓаните

Полицијата во Малезија користи беспилотни летала за да ја измери температурата на жителите поради пандемијата на Ковид-19, а ги користи и за спроведување на ограничувањата на движењето во Малезија, која сè уште е скоро целосно заклучена.

Беспилотни летала можат да ја детектираат температурата на луѓето дури и од 20 метри над земјата и да испуштаат црвено светло како предупредување дека е измерена висока температура, пишува „Гардијан“.

Малезија минатата недела влезе во целосно затворање на државата во обид да се спречи зголемувањето на дневните инфекции, кои достигнаа над 9.000 на ден до крајот на мај.

Иако во меѓувреме се намалува бројот на заразени, генералниот директор за здравство, Хор Хисам Абдула, предупреди дека повеќето од новите инфекции и смртни случаи се од непознати контакти.

„ Една од причините е појавата на нови соеви во заедниците кои имаат поголем број на заразени и поголема смртност“, рече тој, повикувајќи ги луѓето да останат дома.

Според мерките за движење, само на две лица од домаќинството им е дозволено да одат надвор за да купат потребни работи или да бараат третман во близина на нивниот дом.

Можете да прочитате

Санчез: Инвазијата на Гренланд од страна на САД би го усреќила Путин

12годишно дете нападнато од ајкула на плажа во Австралија

Пентагон планира да испрати 1.500 војници во Минесота