Утрински Весник
Свет

Навални е префрлен во првобитниот затвор

Навални е префрлен во првобитниот затвор

Навални е вратен во првобитниот затвор каде што ја издржуваше затворската казна, откако се опорави од штрајкот со глад во болничкиот оддел на друга затворска единица, објавија денеска руските агенции.

45-годишниот Навални објави дека ќе штрајкува со глад на крајот на март, барајќи подобра медицинска помош во затворот, бидејќи имаше остра болка во нозете и грбот.

Тој го прекина штрајкот со глад во април по укажаната лекарска помош.

Во февруари, судот во Москва го осуди Навални на две и пол години затвор, под обвинение дека ја прекршил условната казна додека се опоравуваше од труење во Германија, чин за кој Навални ги обвини руските власти.

Можете да прочитате

Русите бомбардираа училиште во Украина, најмалку 31 загинат

Немири во близина на Киев, нападнати полицајци и војници поради насилна мобилизација

Најнови анкети во САД: Демократите имаат предност од речиси девет поени