Утрински Весник
Свет

Русија преговара за извоз на вакцини против коронавирус за животни

Русија преговара за извоз на вакцини против коронавирус за животни

Руската Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор „Роселхознадзор“ испрати документи до Унгарија и Тајланд за регистрација на руската вакцина за животни против Ковид-19, изјави шефот на „Роселхознадзор“, Сергеј Данкверт во интервју за ТАСС.

„ Ние веќе формиравме и испративме досие за регистрација во Унгарија и Тајланд. Унгарија, на пример, размислува да регистрира вакцина за кучиња”, рече Данкверт.

Според него, вакцината ќе биде барана во земјите од Југоисточна Азија, „бидејќи таму има многу фарми каде што луѓето сакаат да ги заштитат своите животни“.

Тој извести дека во тек се преговори за регистрација на вакцини со 17 земји. Исто така рече дека многу земји, вклучително и европските, покажале интерес за вакцината и дека Русија не сака да ги надува цените, но тие се „сведени на минимум“.

Тој објасни дека цените ќе зависат од условите за испорака и превоз.

Можете да прочитате

Борел: Не можеме да го поткопуваме Меѓународниот кривичен суд

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“