Утрински Весник
Магазин

Венчаницата на принцезата Дијана изложена во палатата Кенсингтон

Венчаницата на принцезата Дијана изложена во палатата Кенсингтон

Фустанот што Дијана, принцезата од Велс го носеше на денот на венчавката пред 40 години се појави во нејзиниот поранешен дом во палатата Кенсингтон.

Поради деликатноста на тафтата од која е направен, тој обично не се прикажува почесто од еднаш на секои 5 години, а последниот пат беше во куќата Алторп во 2016 година.

Одблизу светка. Тоа е нешто што би го знаеле само кога ќе се најдете на неколку сантиметри од иконската венчаница на покојната принцеза од Велс. Светликав, впечатлив и со извонредно долг вел,овој фустан е без сомнение главна атракција на новата модна изложба на Кенсингтон-палатата.

Венчаницата на Дијана, е една од најпознатите во историјата на модата и е олицетворение на модата од 1980-тите.

Славниот фустан, раскошна креација на Дејвид и Елизабет Емануел, е прикажан како дел од изложбата на кралски стилови, и најверојатно ќе остане таму цела година за луѓето кои ќе резервираат обиколка на палатата.

На изложбата насловена Royal Style In The Making („Кралски стил во изработката“), познатата венчаница на принцезата од Велс е во центарот на вниманието.

Со фокус на петте големи дизајнери кои биле важни за последните генерации кралски жени, кралицата Мајка, кралицата, принцезата Маргарет и Дијана, принцезата од Велс, изложбата дава поглед на тоа како секој кутуриер оставил свој белег во кралската мода.

 

Создавањето на кралски моден момент – од многу очекуваната венчаница, до облеката за крунисување – е тема на изложбата во палатата Кенсингтон, која се отвори за јавноста на 3 јуни.

Настанот детално ја открива уникатната и интимна врска помеѓу кралското семејство и нивните кутуриери, со оригинални скици, парчиња ткаенини и невидени фотографии од колекцијата на церемонијални фустани, прикажани заедно со самите фустани, со цел да се демонстрира како идеите стануваат историска реалност.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста