Утрински Весник
Спорт

Дончиќ постигна 46 поени, Далас елиминирани од ЛА Клиперс

Дончиќ постигна 46 поени, Далас елиминирани од ЛА Клиперс

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс изборија пласман во конференциското полу-финале, по победата над Далас 126:111.

Лудата серија помеѓу Клиперси и Маверикс, заврши со првата домашна победа на еден од тимовите. На претходните шест натпревари ниту еден тим не успеа да победи како домаќин.

Маврикс се држеа, благодарение на лука Дончиќ, се до втората половина од третата четвртина, кога Клиперси со неверојатна серија (30:6) го решија прашањето на победникот.

Дончиќ одигра уште еден неверојатен натпревар, постигна 46 поени, 29 од нив во првото полувреме, на кои придодаде 14 асистенции и седум скокови. Сепак Словенецот не доби поддршка од соиграчите, резервите на Далас постигнаа само шест поени.

За разлика од Далас, Клиперси му дадоа поддршка на Каваи Ленард, кој забележа 28 поени, 10 скока и девет асистенции. Маркус Морис постигна 23 поени (седум тројки), а Пол Џорџ 21 со 10 скока и лош процент на реализација (5/16).

Клиперси во полу-финалето на Западот ќе играат против Јута Џез.



> Дончиќ постигна 46 поени, Далас елиминирани од ЛА Клиперс <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина