Утрински Весник
Свет

Израел започна со вакцинација на деца на возраст од 12 до 15 години

Компанијата „Модерна“ ќе ја преполови дозата на вакцината против ковид

Во Израел, како дел од борбата против пандемијата од Ковид-19, започна вакцинацијата на деца на возраст од 12 до 15 години.

Израел, кој е меѓу највакцинираните земји во светот според бројот на жители, има околу 600.000 деца на возраст од 12 до 15 години.

Податоците од Министерството за здравство покажуваат дека досега 10.000 деца од оваа возрасна група добиле термин за вакцинација.

Во Израел, кој има околу 9,3 милиони жители, досега 5,45 милиони луѓе ја примиле првата доза, а 5,13 милиони луѓе ја примиле втората доза на вакцината.

Во оваа земја, во согласност со подобрената епидемиолошка состојба поради вакцинацијата, мерките беа релаксирани од февруари, а обврската за носење маски на отворено беше укината на 19 април.

Можете да прочитате

Отворена истрага откако иранска телевизија објави видео со упатства како да се убие Меланија Трамп

Собјанин: Москва ноќеска беше нападната со повеќе од 390 дронови

Тела на пет бебиња пронајдени во картонски кутии во семејна куќа на југот на Франција