Утрински Весник
Свет

НАТО ги предупреди Русија и Белорусија да не им се закануваат на членки на Алијансата

НАТО ги предупреди Русија и Белорусија да не им се закануваат на членки на Алијансата

Шефот на НАТО ги предупреди Русија и Белорусија да не се закануваат на членки на Алијансата, откако белоруските власти присилно приземјија патнички авион што леташе во рамки на ЕУ, се вели во соопштение објавено денеска.

„Секако, во итни ситуации, ние сме подготвени да го заштитиме и одбраниме секој сојузник од каква било закана што доаѓа од Минск и Москва“, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за весникот „Велт ам Зонтаг“.

Тој додаде дека многу внимателно следат што се случува во Белорусија.

„Белорусија станува сè позависна од Русија“, семета Столтенберг.

Тој исто така рече дека НАТО е сериозно загрижен за тесната соработка меѓу Москва и Минск во последните месеци.

„Од минатото мораше да научиме дека Русија масовно го наруши територијалниот интегритет на земји како што се Украина, Грузија и Молдавија“, додаде тој.

Сепак, истакнува дека НАТО првенствено е одбранбен сојуз.

Литванија, Летонија и Полска, сите членки на НАТО, ги делат границите со Белорусија.

Пред две недели, белорускиот претседател Александар Лукашенко даде наредба комерцијален лет на „Рајанер“ меѓу двата главни града од ЕУ, Атина и Вилнус, да слета во Минск.

Белорускиот новинар и критичар на Лукашенко, Роман Проташевич и неговата девојка Софија Сапега, кои биле во авионот, се уапсени и натаму се во притвор.

Додека ЕУ реагираше со воведување санкции кон Белорусија, рускиот претседател Владимир Путин го прими Лукашенко на разговори и рече дека Москва ќе ја поддржи Белорусија со заем од 500 милиони долари.

Путин, исто така, ја истакна неговата постојана поддршка за Лукашенко во спорот со Западот.

Можете да прочитате

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме

Писториус: Европа се соочува со долгорочна руска закана