Утрински Весник
Свет

Во Словенија од денеска со негативен брз тест против коронавирус

Во Словенија од денеска со негативен брз тест против коронавирус
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Од денеска во Словенија ќе може да се влезе со негативен брз тест против коронавирус, а владата најави и натамошно олеснување на мерките за следната недела.

Влегувањето во Словенија без карантин од крајот на минатата година беше можно само со негативен ПЦР тест, освен во исклучителни случаи, како што се медицински, едукативни или грижа за семејството и недвижностите, пренесуваат регионалните медиуми.

Како што пропиша Владата, влегувањето во Словенија од сега ќе биде можно со негативен брз тест, со услов да не се поминати повеќе од 48 часа од земањето на примерокот до пристигнувањето на границата.

Хотелите ќе можат да пополнат три четвртини од капацитетите за сместување но само доколку гостите се вакцинирани, ако преживеале Ковид-19 или имаат негативен тест на коронавирус, а истите правила важат и за базените кои исто така се отвораат.

Можете да прочитате

Пад на увозот на нафта во ЕУ во првите три квартали од 2025 година

Италија им ја припишува сопственоста на златните резерви на италијанскиот народ

Девет лица повредени во напад со нож во Тајпеј