Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Рама: Членството во ЕУ е како во приказната „Чекајќи го Годо“

Рама: Членството во ЕУ е како во приказната „Чекајќи го Годо“
Img 7972

Премиерот на Албанија, Еди Рама, ги обвини шефовите на држави на Европската Унија за блокирање на пристапот на Албанија и Северна Македонија во овој сојуз, ја пренесуваат албанските портали изјавата на Рама за германски медиуми.

Во интервју за германскиот весник „Билд“, Рама вели дека ЕУ ги прекршила своите ветувања и дека води неединство меѓу народите на Балканот со политички цинизам, како во приказната „Чекајќи го Годо“.

„Само се зборува, но ништо не се случува! Тоа беше долгогодишна амбиција на нашите нации, Албанија и Северна Македонија да се приклучат кон Европската Унија и на тој начин да им овозможат на нашите граѓани да имаат корист од пазарот“, рече Рама, додавајќи дека тој бил свесен дека ниту Албанија, ниту Северна Македонија не се целосно подготвени за влез во ЕУ, пренесуваат порталите.

„Постојат многу барања што мора да ги исполниме за да станеме членки. Но, нашите две земји, Албанија и Северна Македонија, исполнуваат се повеќе неопходни услови за вистински да го започнат процесот на преговори со Брисел. Самиот Совет на ЕУ донесе одлука за таков почеток на преговори во 2018 година “, рече Рама.

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија