Утрински Весник
Македонија

Николоски: ДУИ се враќа на корените од 2001, како зелена партија од планините на Македонија

Николоски не е оптимист за почеток на преговорите со ЕУ, бара власта да понесе одговорност

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска даде коментар за најавите на Али Ахмети дека ДУИ станува зелена партија.

Според Николоски, во недостиг на проекти и идеи, владејачката коалиција СДСМ-ДУИ се занимава со пи-ар алатки.

„Во однос на она што го кажа Али Ахмети сакам да кажам две работи. Прво е дека очигледно ДУИ веќе нема свежи идеи што да понуди на граѓаните, потоната во сопствените проблеми, во криминалот и корупцијата, и второ дека ДУИ си се враќа на корените, имено тие стартуваа некаде во 2001-та година, токму како зелена партија од горите и планините на Македонија, така што очигледно се враќаат на корените“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Николоски, целиот настан бил добро обмислена кампања.

„Три дена водат кампања во стилот на оние познати кампањи на големи мултинационални компании кога нешто најавуваат, а сите очекуваат што ќе биде тоа, па билборди без текст се ставаа во градот само со одредена боја, па после тоа имаше еден збор итн. Видени финти, нема друг збор освен финти“, кажа Николоски.

Можете да прочитате

Николоски: Изградбата на автопатите на коридор 8 и 10д оди одлично

Битиќи: Владата не враќа ДДВ, не исплаќа плати и енормно се задолжува кај домашните банки

СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски се јавувал во МВР за ослободување на својот брат?