Утрински Весник
Македонија

Во Куманово издадени најмногу казни за брзо возење

Во Куманово издадени најмногу казни за брзо возење

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден (4 јуни) спровела зајакната акциска контрола на територијата на целата држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Како што информираат од МВР, притоа се санкционирани 685 возачи. Од нив, 103 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 21 возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Најголем број од санкциите се изречени на територија на Куманово – 118, а потоа на територија на Скопје – 102 и на територија на Тетово – 92…

Од МВР посочуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Владата нема да ги толерира триковите на трговците ако ги зголемат цените без основа

Левица: Откривме рекетарска шема во Пробиштип, се кратат 10% од платите на рударите за приватни бизниси на ВМРО-ДПМНЕ

Будно се следи состојбата меѓу Израел и Иран – Владата активира и кризен штаб во МНР