Бразил го победи Еквадор со 2:0, во петтото коло од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Бразил со максимални 15 поени ја предводи табелата, 11 има Аргентина, девет Еквадор, по седум Уругвај, Парагвај и Колумбија.
Во Порто Алегре, одбраната на Еквадор успеа да ја сочува својата мрежа до 65.минута. Резултатот го отвори Ришарлисон, по додавањето од Нејмар.
Во 95.минута, судијата долго ја гледаше снимката, по што реши да досуди пенал за Вразил, од кој Нејмар го постави конечниот резултат. Нејмар од вториот обид го совлада голманот на Еквадор. Ѕвездата на Бразил го промаши првиот пенал, но судијата пресуди дека голманот пред време ја напуштил гол линијата.
> Бразилците максимални во квалификациите <