Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Заев јавно да каже што содржи документот што се преговара со официјална Софија

СДСМ: Мицкоски потфрли во исполнувањето на неговата единствена задача – да ги одбрани криминалците од ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев денес вели дека е неодговорно што сум објавил статус во кој споделувам информации од дипломатски кругови, а кои се однесуваат на преговорите што ги води двоецот Заев – Бучковски со официјална Софија за потпишување уште едно предавство на македонскиот народ, идентитетот и македонскиот јазик, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на „Фејсбук“.

„Да, сметам дека е одговорно да се борам за националните интереси, секогаш и секаде. Но, потполно е неодговорно да вршиш национално предавство и да преговараш за историјата, јазикот и за нашата посебност рушејќи ги сите можни преговарачки позиции. Сето она што Заев го зборуваше во интервјуто на ‘Бгнес’ е тоа што сега многу лесно се дозволува да биде предмет на договорот што се преговара.

Двоецот Заев – Бучковски е најголемата опасност за македонските црвени линии, тие се најдобриот дар за бугарските позиции. Сето ова се случува додека дневниот криминал продолжува, а сиромаштијата се зголемува“, напиша Мицкоски.

Тој јавно го повика Заев да каже што содржи документот што се преговара од, како што вели, двоецот Заев – Бучковски и зошто тој се крие од јавноста?

Можете да прочитате

Муцунски од Мала Преспа: Преку конкретни проекти ќе продолжиме да ја јакнеме врската со дијаспората

Левица со амандман бара 600.000 евра за обезбедување престој за жртвите на семејно насилство

Работна посета на МЕП Муртезани на Ирска