Утрински Весник
Свет

Извршен директор на руска компанија: СЗО ќе го регистрира „спутник В“ во следните неколку месеци

Извршен директор на руска компанија: СЗО ќе го регистрира „спутник В“ во следните неколку месеци

Прашањето за регистрација на руската вакцина „спутник В“ во СЗО ќе се реши во следните неколку месеци, изјави извршниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), Кирил Дмитријев.

„Сè се движи во вистинската насока и прашањето за регистрација ќе се реши во следните неколку месеци“, истакна тој за РБК, пренесува ТАСС.

Дмитријев истакна дека пандемијата открива дека на СЗО и недостасува лост што ќе влијае на дистрибуцијата на вакцините во светот.

„Се покажа дека на организацијата и недостасуваат инструментите за влијание на производствените погони, кои и онака се малку“, рече Дмитријев.

Генералниот директор на РДИФ додаде дека оваа пандемија треба да нè научи да бидеме поподготвени за други слични предизвици.

Можете да прочитате

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија

САД воведуваат 35 отсто царини за Канада, Трамп најавува тарифи за повеќето трговски партнери

Трамп: Во понеделник „голема изјава“ за Русија