Утрински Весник
Македонија

78 санкционирани возачи на мотоцикли на територијата на Велес

78 санкционирани возачи на мотоцикли на територијата на Велес

Во текот на вчерашниот ден Секторот за внатрешни работи Велес спроведе акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што се санкционирани 78 возачи.

Од нив, 43 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, а санкции има и за други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

СДСМ: ВМРО-ОКГ призна пад на довербата од 40% па објави дека народот живее добро поради Гета и дека сака да го викаат талог

ДОМ: Време е за системско решение за дивите и нестандардните депонии

Оделе по невестата, го запреле сообраќајот – МВР ги казни сватовите