Утрински Весник
Спорт

Чиле освои бод во Аргентина, Колумбија го растури Перу

Чиле освои бод во Аргентина, Колумбија го растури Перу

Изминатата ноќ продолжија јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство.

Дербито, во Буенос Аирес, посветено на Диего Армандо Марадона, го одиграа Аргентина и Чиле.

Пред почетокот на натпреварот, беше откриена статуа на легендарниот Марадона. Аргентинците натпреварот го одиграа во специјални дресови посветени на починатиот „Ел Пибе“.

Натпреварот заврши без победник 1:1. Лионел Меси постигна гол за Аргентина од пенал во 23.минута, а конечниот резултат, 13 минути подоцна го постави Алексис Санчез.

Уругвај и Парагвај, во Монте., одиграа натпревар без голови.

Колумбија убедливо го порази Перу со 3:0 и се врати во борбата за местата кои носат пласман на Мундијалот во Катар. Колумбија се наоѓа на делба на четвртото место заедно со Уругвај и Парагвај.

Головите за „Кафетероси“ ги постигнаа Јери Мина, Матеус Урибе и Луис Дијаз, во периодот од 40. до 55.минута.



> Чиле освои бод во Аргентина, Колумбија го растури Перу <

Можете да прочитате

Косовските репрезентативци наградени со 500.000 евра пред дуелот со Турција

Вардар нема да наплаќа билети за дербито со ГРК Охрид

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција