Утрински Весник
Македонија

Владата усвои нови заклучоци за контрола на увезениот мазут

Владата усвои нови заклучоци за контрола на увезениот мазут

Владата денеска ја одржа 76-тата седница на која беа усвоени дополнителни заклучоци на веќе донесените од претходната седница во однос на увозот, контролата и анализата на увезениот мазут.

Со новите заклучоци, Владата го задолжи Бирото за метрологија да склучи договор со акредитирана лабораторија за земање на мостри од мазут за потребите на Државниот пазарен инспекторат.

Со уште еден заклучок се задолжени и Царинската управа и Бирото за метрологија, за потребите на Државниот пазарен инспекторат, а по барање на оваа институција, да спроведуваат постапка за земање примероци за анализа и анализа на мазут, согласно правилникот за квалитет на течни горива и да ги достават на испитување до акредитирана лабораторија.

Можете да прочитате

Приведени 18 возачи, 12 возеле без дозвола, од кои 5 малолетници

Наставник од Битола цела година предавал на ученици без да знае дека добил отказ

Инцидент во дом деца во Центар: 15-годишен штитеник се обидел да обљуби друго дете