Утрински Весник
Спорт

Васкез го продолжи договорот со Реал

Барса на Меси му нуди 10-годишен договор
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лукас Васкез го продолжи договорот со Реал Мадрид. Флорентино Перез успеал да го убеди 29-годишниот фудбалер да остане на „Сантијаго Бернабеу“. Васкез, кој пред време ја заврши сезоната поради повреда, имаше намера да го напушти клубот, незадоволен од финансиските услови што му беа понудени.

Васкез, оваа сезона беше еден од најважните играчи на Реал. Кај Зинедин Зидан максимално ја искористи шансата која му се укажа поради честите повреди со кои се соочуваше Дани Карвахал.

Неговата универзалност го привлече вниманието и на Баерн Минен, на крајот фудбалерот реши да остане во Реал.

Лукас Васкез во Реал се обврзал да остена до 30.јуни 2024 година. Платата ќе му биде зголемена за 1,5 милиони евра, што значи дека во наредните три години ќе заработува по пет милиони евра.

> Васкез го продолжи договорот со Реал <

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028