Утрински Весник
Македонија

Бутел со бројни активности ја одбележа 16 годишнината од постоење на Општината

Butel

Денеска во Општина Бутел се одржа завршната манифестација на цветната мироносна штафета со пораките кои тргнаа од ООУ Живко Брајковски во првото полугодие која беше поддржана со идејата на познатиот уметник Живко Поповски Цветин.
Во текот на одржување на манифестацијата која се реализираше со многубројни активности во основните училишта, општина Бутел и детската градинка се испреплетоа многубројни настани и активности како што се светскиот ден на детето, светскиот ден на пеперутката и 100 години од раѓањето на Блаже Коневски.
Општина сите овие активности ги спои заедно во одбележувањето на 16 годишното постоење на Општина Бутел каде што дечињата заедно со градоначалникот Велимир Смилевски пуштија во воздухот 16 големи балони со цел да го одбележат роденденот на општината и да ги испратат пораките за мир, среќа и благосостојба.

Можете да прочитате

Клековски: Нови антикоагулантни лекови на позитивната листа, еноксапарин, надропарин и ривароксабан достапни во аптеките

Николоски: Започнуваме со најкрупната реформа – имплементација на новиот Национален едношалтерски систем

Лишена од слобода велешанка поради „обид за убиство“ врз вонбрачниот сопруг