Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Заев води тајни преговори за ново национално предавство

(Видео) Мицкоски: Смислуваат 300 варијации само да не го споменат името Македонија, жално е за гледање

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски предупредува за како што вели ново предавство од премиерот Зоран Заев и македонскиот претставник во разговорите со Бугарија, Владо Бучковски. Тој вели дека добил алармантни информации од дипломатски извори.

„ Бучковски во Софија, а Заев од Скопје, деновиве координираат тајни преговори каде се нуди Декларацијата усвоена од бугарскиот парламент да стане дел од преговарачката рамка со Европската Унија. Дел од документот на бугарското Собрание се оспорување на генезата и посебноста на македонскоит јазик, ревизија на историјата и периодот на нашата антифашистичка борба, како и присвојување на важни личности од македонската историја како бугарски и уште редица отстапки кои се погубни за Македонија.

Заев се колнеше дека не прифаќа преговори за идентитетот и јазикот, а со прифаќањето бугарската Декларација да биде дел од преговарачката рамка на ЕУ, директно нѐ става во позиција да преговараме за македонскиот идентитет и јазик. Тоа е потег еднаков на предавство на македонскиот народ“ пишува Мицкоски на Фејсбук.

Информациите до кои дошол Мицкоски, говорат дека сето тоа се планира да биде потпишано од Заев и Бучковски, без да има расправа и усвојување на документот во Собранието на Македонија.

„ Ако Заев го прифати ова, тоа значи дека нѐ става во позиција да го негираме македонскиот иденитет и да прифатиме дека како народ постоиме од 1945 година, што е неболуза и срам за сите нас и за нашите предци и поколенија.

Не смееме да дозволиме овие двајца политички измамници да ја понижат жртвата на нашите предци и да ја загрозат иднината на нашите потомци. Затоа треба да бидеме подготвени за одбрана на македонскиот идентитет како составен дел од европските вредности, и да не дозволиме. Да бидеме подготвени за блокади и масовни протести! Нема преминување на црвените линии!“ напиша Мицкоски.

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија