Утрински Весник
Македонија

Приведен скопјанец, кај него била пронајдена дрога

Приведен скопјанец, кај него била пронајдена дрога

27-годишен скопјанец бил приведен откако по извршен претрес, полициските службеници во неговиот дом пронашле марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.

Според МВР, вчера во 17.30 часот на подрачјето на Драчево од полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје-СВР Скопје бил лишен од слобода И.Т.(27) од Скопје, бидејќи при извршен претрес во неговиот дом, по претходно издадена наредба од Основен Кривичен суд Скопје, била пронајдена марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.

По документирање на случајот против ова лице ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат надлежните.

Можете да прочитате

Еве како изгледа првиот дата центар во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За СДС и Филипче секоја нова инвестиција е повод за политички манипулации

ЛДП: Владата да се огради – нема место за глорификација на осудени за геноцид